Денеска стартува втората фаза од откупот на тутунот, откако правата фаза од раниот предвремен откуп на тутунот заврши кон крајот на септември. Од динамиката на откупот задоволен е ресорниот министер, Љупчо Димовски. Според него, иако временските услови не беа многу поволни, сепак и годинава тутунопроизводителите во законски предвидениот рок ќе ги добијат и субвенциите во висина од 60 денари за килограм предаден тутун. Министерот Димовски им посочи на тутунарите дека место за стравување нема, бидејќи ќе се вложат максимални напори и откупувачите навремено да ги исплаќаат парите. Тутунарите, пак, задоволни се од квалитетот на годинашниот род, пред се заради продолжената вегетација. Тие очекуваат тутунот годинава да се вреднува согласно квалитетот.
Денеска стартува втората фаза од откупот на тутунот, откако правата фаза од раниот предвремен откуп на тутунот заврши кон крајот на септември.
Од динамиката на откупот задоволен е ресорниот министер, Љупчо Димовски. Според него, иако временските услови не беа многу поволни, сепак и годинава тутунопроизводителите во законски предвидениот рок ќе ги добијат и субвенциите во висина од 60 денари за килограм предаден тутун.
Министерот Димовски им посочи на тутунарите дека место за стравување нема, бидејќи ќе се вложат максимални напори и откупувачите навремено да ги исплаќаат парите.
Тутунарите, пак, задоволни се од квалитетот на годинашниот род, пред се заради продолжената вегетација. Тие очекуваат тутунот годинава да се вреднува согласно квалитетот.